Со планинарски излет до Рамне, Младински Совет Охрид, го одбележа 26-ти септември, меѓународниот ден на пешачењето.

   
Тргнувајки од градскиот плоштад,  покрај Студенчишта, Вршек и Глувчин Дол, 70 деца и млади поминувајки низ живописни предели стигнаа до селото Рамне.


Движејки се по планината, предводени од тимот на МСО и лиценциран планинарски водич, децата уживаа во несекојдневната гледка која им ја пружи планината.


Планинарскиот излет е дел од програмата за развој на рекреативниот спорт „СПОРТ ЗА СИТЕ ЗДРАВЈЕ ЗА СИТЕ“ што го реализира Младинскиот Совет. Организаторот на планинарскиот марш за сите учесници преку своите донатори обезбеди освежување и ланч пакети.

Ohridnews