Синоќа со пригодна свеченост во ОУ „Братство Единство” го одбележавме Денот на наставата на турски јазик.

Турската заедница е нераскинлив дел од нашата заедница, особено во Охрид. Само заедно соединети можеме да дадеме голем придонес за нашиот град и нашата држава, рече градоначалникот Кирил Пецаков.

Свечената пригода беше збогатена со културно – уметничка пригода изведена од учениците при ОУ „Братство Единство” и беа презентирани достигнувањата на учениците во различни области.

OhridNews