По повод 23 Април – Светскиот ден на децата, невладината организација “Карабеј Махале” од Охрид на плоштадот Чинар,  денеска организираше детска забава на која со своја програма учествуваа децата од турската група од детската градинка “Јасна Ристеска” – Охрид како и учениците од ОУ “Братство Единство” – Охрид кои наставата ја следат на турски наставен јазик.


На забавата освен родителите на учениците, граѓаните од градот, присуствуваше и градоначалникот на општина Охрид, Александар Петрески. Од здружението информираа дека од следната година планираат настанот да го организираат на ниво на цела општина при што со своја програма би учествувале учениците од сите основни училиста во градот.


Одбележан Денот на децата во Охрид

Ohridnews