Со пригодна свеченост на која присуствуваа голем број пријатели, редовни купувачи, вчеравечер се одбележа две децениското работење на цвеќарата „ Маноља“ и 40- годишниот јубилеј на Фото студиото Охрид.
Високата професионалност, големата понуда на услуги и производи, а пред се љубезниот однос кон муштериите е она по што цвеќарата „ Маноља“ и Фото Охрид се препознатливи меѓу охриѓани, но и големиот број гости во градот кои се одлучуваат токму тие да се нивниот избор.
Новата, современо уредена цвеќара „ Маноља“ се наоѓа во приземниот дел од трговскиот центар Амам, на улицата „ Македонски Просветители“. Како и секогаш нуди голем избор на режано и саксиско цвеќе, врши нарачка со достава, како и аранжирање на простор за свечени прилики.
OhridNews