Од вторник до петок, во средните училишта ќе полагаат државна матура матурантите кои во јунскиот испитен рок не беа тестирани или не успеале да положат некој од предметите. Полагањето ќе почне од 10 часот.
На 18 –ти август ќе се одржи испитот по задолжителниот предмет мајчин јазик и литература. На 19-ти август ќе полагаат матурантите кои одбрале странски јазик, во четврток ќе се спроведе испитот по математика, а во петок се испитите по предметите естетика, филозофија, хемија, физика, биологија, историја и бизнис.
OhridNews