Научниците со помош на инфрацрвени сателитски снимки во Египет пронашле 17 досега непознати пирамиди, и повеќе од 1000 гробници и 3000 древни населби. Првите ископувања ги потврдиле некои од откритијата меѓу кои и две пирамиди. “Откривањето на пирамиди е сон на секој археолог“, вели др.Сара Парцак од лабараторијата на вселенската археологија во Бирмингам, спонзорирана од Наса.
“Интензивно истражувавме повеќе од година дена. Го следевме пристигнувањето на податоците, меѓутоа се изненадив кога се вратив назад и погледнав што се откривме. Не можев да поверувам дека лоциравме толку работи во Египет.