Рецесијата и големата економска криза во Америка од на ден изнесува се поневеројатни приказни, меѓу кои и онаа која говори за донеодамна мошне успешна жена од Вол Стрит која сега мора да заработува како стриптизета.
Работела како финансиски аналитичар, но поради кризата го загубила работното место. Уште истата вечер отишла во еден клуб за да се напие и да заборави на проблемите. И пришол менаџерот и и понудил работа како стриптизета.Прифатила без многу размислување, и сега работи три до четири часа во ноќта. Вели дека е многу задоволна од работата, заработува околу 15000 долари месечно само од напојници, и тврди дека нема никакво понижување или сексуално злоупотребување.
Изненадена е од тоа што клубот е подобро организиран од финансиските институции во кои работела. Слична судбина дели и една нејзина колешка, поранешна продавачка во една од најголемите компании за продажба на недвижности. Менаџерот е многу задоволен и вели дека посетата во клубот е поголема затоа што луѓето доаѓаат да ги видат поранешните успешни деловни жени.