Зимското сметање на времето ќе почне в недела на 27. октомври во 2 часот по полноќ, со поместување на стрелките на часовникот еден час наназад.

Зимското време ќе трае до последниот викенд во март 2025 година, кога повторно ќе се премине на летно сметање на времето.

Поместувањето се „унифицирани“ од 2002 година, кога европските држави се договорија летното време да стартува од последната недела на март, а зимското од последната недела во октомври.

Примената на „летно време“ низ светот и во Европа трае повеќе од половина век, а во Македонија истото започна од 1983 година, во рамките на тогашна Југославија. Во меѓувреме, голем број држави се откажаа или сериозно размислуваат да се откажат од административни промени на времето. Причината е тоа што бројни научни студии покажаа дека овие промени од по еден час, неповолно влијаат на човечкиот биоритам и на здравјето.

Европската Унија во 2018 година донесе одлука за укинување на административната промена на времето, а државите сами да се изјаснат кое време ќе го користат: зимското (нормално, природно) или летното (указно, административно). Иако требаше да стапи на сила една година подоцна, тоа се уште не е случено.

Г.М.