Живата во термометрите со доближува до 40-от степен, Охрид е под вршник, и да, време е за плажа. Спасот е во бегство од високите температури и разладување во бистрите езерски води. Викендов „вратите“ за посетителите ги отвора плажата „Грин парадајз“, наспроти хотелот „Макотекс“ во Лагадин, која, според најавите, ова лето ќе биде една од најпосакуваните дестинации за рекреација на охридската ривиера.

Освен уживање под чадор на лежалка на песочната плажа, водни и други реквизити, ќе може да се освежите со вашиот омилен пијалак или коктел. Наскоро на „Грин парадајз“ ве очекуваат и вкусни сендвичи и друга храна, а од менаџерскиот тим на плажата најавуваат одлична забава и бројни изненадувања за посетителите ова лето.

Плажата „Грин парадајз“ во Лагадин официјално со работа почнува оваа сабота.

OhridNews