Почнувајќи од викендов па до крајот на февруари, Македонија ќе биде под влијание на висок воздушен притисок и топла воздушна маса што  доаѓа од Северна Африка.

Како резултат на тоа во претстојните денови во земјава ќе има пролетни температури кои во понеделник се очекува да достигнат 23 степени Целзиусови.

Во вонредната временска прогноза Управата за хидрометеоролошки работи предупредува дека заради високите температури ќе дојде до нагло топење на снегот на планините.

ohridnews