Во Центарот за култура “Григор Прличев”, денес почнува ревија на руски филмови во чии рамки ќе бидат прикажани шест филмски проекции.
Со почеток во 18 часот охриѓани денес ќе можат да го проследат филмот Палата бр.6 во режија Александар Горновски и Карен Шахназаров. Филмот е базиран на расказ од Чехов, каде што психијатарот станува пациент во својата болница.
Во 20 часот ќе почне проекцијата на филмот Град Зеро – 1989 во режија Карен Шахназаров во кој се зборува за инжинер задолжен за производна линија во московска фабрика кој е испратен во мало гратче. Меѓутоа, се чини дека сите во гратчето се луди (секретарката работи сосема гола, група луѓе го заменуваат идентитетот на инжинерот со рокенрол музичар и сл. ) а како врв на се’, тој е сведок на едно самоубиство и набрзо сфаќа дека никогаш нема да го напушти гратчето.
Утре, во 18 часот ќе се прикажува филмот Љубов во СССР – 2013 , а во 20 часот Отрови – 2001 во режијаКарен Шахназаров.
На 13- ти ноември, од истиот режисер охриѓани ќе имаат можност да проследат уште два филмови- Ние од џезот и Бел тигар.
Ревијата се организира во соработка со Филмскиот Фонд на РМ,а влезот е бесплатен.
OhridNews