Од вечерва ќе започне поставување на сигнализација и хоризонтално обележување на улиците во градот, информираат од Одделение за инфраструктура и сообраќај при Општина Струга.

Подобрувањето на патната инфраструктура и зголемувањето на безбедноста во сообраќајот секогаш се прави за доброто на граѓаните и посетителите на нашиот град, велат од општинската прес служба.

Општина Струга, додаваат, ќе продолжи со работата за подобрување на безбедноста во сообраќајот, преку инсталирање модерна и квалитетна опрема во континуитет.

OhridNews