Вкупно осум бајки за деца ќе бидат прикажани во Центарот за култура „Григор Прличев“  во Охрид од вечерва до 6-ти септември 2014 година.

Кино проекциите започнуваат вечерва со почеток во 18 часот, со прикажување на бајката „Златокоса“, а веднаш по неа, со почеток во 20 часот ќе биде прикажана бајката „Чудото од Берн“.

Утре на 3-ти септември дечињата од Охрид, со почеток во 18 часот ќе имаат можност да ја погледнат бајката „Мачорот во чизми“, а во 20 часот ќе биде прикажана бајката „Летачката училница“. Во четврток на 5-ти септември со почеток во 18 часот ќе биде прикажана бајката „Кралот жаба“, а во 20 часот е закажана проекцијата на бајката „Трнорушка“. Во петок на 6-ти септември со почеток во 18 часот ќе биде прикажана бајката „Храбриот кројач“, а во 20 часот ќе има проекција на бајката „Големиот сон“.

Циклусот на бајки ќе се прикажува во соработка со „Кинотека на Македонија“ и „Гете Институт за врски“ од Скопје, а влезниците за проекциите ќе чинат по 50 денари.

OhridNews