Македонската ракометна репрезентација в недела против Португалија судбината за пласман на Европското првенство во Данска следната година ја има во свои раце.


На избраниците на селекторот Ивица Обрван на дуелот со „селасао“ не им одговара ништо освен победа, било каква. Првиот натпревар меѓу двете селекции заврши плус седум за Португалија и тогаш тој пораз ги отрки сите аномалии во нашата игра, селекција и федерација.

Но, триумфот со Швајцарија во гости ги стопли и разнежни срцата и ја врати вербата на македонските навивачи и на момент ракометарите не потсетија како „фалангата“ пустошеше се пред себе на ЕП во Србија.

В недела во спортската сала „Борис Трајковски“ португалците ќе бидат пречекани во пеколна и незаборавна атмосфера, тоа секогаш им годи и оди во прилог на нашите репрезентативци, а дали таа ќе кулминира во „лудило“. Да, од вас зависи.

Мх.П.