Охриѓани в недела (14:00ч) во Штип ќе ги одмерат силите со ракометарите на Текстилец во рамките од петтата рунда од националниот ракометен шампионат.


Со мечот против последно пласираниот тим на табелата стартува пеколната седмица за „гладијаторите“ кои ќе одиграат уште два натпревари.

Веќе в среда ги очекува дуел со Тинекс Пролет во „Билјанини Извори“, а в сабота или в недела гостување во Битола кај Пелистер.

Охрид котира на третата позиција на табелата со седум освоени бодови во четири натпревари, а целта сезонава е јасна, пласман во разигрувањето за титулата.

Мх.П.