Пролетното време пропратено со високи температури и до 17 степен кои ги мамеше граѓаните, и покрај препораките, да излезат од своите домови, од утре се менува. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека од утре следува нестабилно време пропратено со значително опаѓање на температурите.
Во понеделник ќе биде облачно, студено и ветровито со врнежи претежно од снег. Најобилни врнежи се очекуваат во источните делови. Дневната температура ќе биде за 10 до 15 степени пониска во однос на денешната. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер.
Слично време не очекува и во вторник, кога ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Поинтензивни врнежи од дожд се очекуваат во среда кога ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Во четврток ќе има повремени врнежи од дожд, а во западните делови повремено засилен ветер од источен правец.
Максималната температура во Охрид ќе биде од 3 до 7 степени, а минималната од -5 до 4.
Уште една причина повеќе за сведување на злегувањето од своте домови на минимум. Следете ги препораките на надлежните и останете дома!
OhridNews