СВР Охрид ги известува граѓаните и сите гости дека поради одржувањето на НАТО самитот (28,29 јуни) на подрачјето на општина Охрид ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќај во периодот од 27 јуни во раните утрински часови до 30 јуни исто така во раните утрински часови.
Во наведениот период се забранува движење и паркирање на сите видови возила на булевар „Туристича“ и на патниот правец с. Мешеишта-Охрид и на регионалниот пат Охрид-с.Пештани. Заради сервисирање на најнеопходните потреби во одредени временски интервали ќе биде организирано движење на возила на овие патни правци, за што граѓаните благовремено ќе бидат информирани.
Во наведениот период ќе функционираат следните крстосници: бул. „Туристичка“ со ул „Абас Емин“,бул. „Туристичка“ со ул „Бистрица“,бул. „Туристичка“ со ул „Стив Наумов“,бул. „Туристичка“ со ул „Аџи Мусатафа“,бул. „Туристичка“ со ул „Јане Сандански“,бул. „Туристичка“ со бул. „Македонски Просветители“ и бул. „Туристичка“ со бул. „Асном“.
Правните субјекти што вршат јавен градски и приградски превоз ќе треба да го прилагодат возниот ред и релациите согласно сообраќајниот режим во наведениот период.
СВР Охрид известува дека движењето во комплексот Горица, хотел „Горица“, хотел „Парк“ и плажите „Горица“ 1,2 и 3 во наведениот период е забрането.