Од утре во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ започнува ревијата на филмови од македонскиот режисер Столе Попов, во соработка со Кинотека на Македонија.
До 25-ти август, во летната бавча ќе бидат прикажани филмовите „Црвениот коњ“, „Среќна нова 49-та“, „Gipsy magic“, „Тетовирање“, „Оган“, краткиот филм „Дае“ и „Австралија“.
Проекциите започнуваат во 21 часот, а влезот е слободен.
OhridNews