Утре ќе бидат пуштени во продажба влезниците за претставата „Детектор за лаги“ која охридскиот Народен театар, повторно ќе ја изведе пред охридската публика на 20-ти ноември 2014 година.

Ова театарско дело е работено по текст на Василиј Сигарев, под режисерската палка на Ненад Витанов. Во претставата играат Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски. За костимите на актерите се погрижи Александра Крнинова Груев, а сценографијата ја подготви Филип Коруновски.

Претставата е приказна за двајца сопружници кои имаат нарушени односи, а проблемите се обидуваат да ги решат со помош на психијатар – хипнотизер. Но тогаш се откриваат тајните и лагите со кои сопружниците живееле со години и почнува голема театарска комедија….

Влезниците за претставата се по цена од 100 денари.

OhridNews