Работното време на угостителските објекти од среда, 1-ви септември, се скратува за еден час.

-Угостителските објекти за исхрана без оглед на видот услуги, преку недела може да работат од 07 до 24 часот, во петок и сабота, а за и спроти празнични денови од 07 до 01 часот, соопшти Министерството за економија.

За сендвичарите дозволеното работно време е до 01 часот во зимскиот период, односно до 05 во петок, сабота, за и спроти празнични денови.

Ноќните барови и кабареата ќе бидат отворени од 20 до 04 часот, освен во петок, сабота, за и спроти празници кога ќе може да работат до 05 часот.

Диско клубовите ќе работат од 19 до 04 часот.

OhridNews