Во согласност со календарот за зголемување на акцизата за цигари, од утре 1-ви јули цигарите ќе поскапат за три денари. Ова е предвидено со последните измени на Законот за акцизите донесени пред две години, во кои е предвидено секоја година во период од 10 години да се зголемува стапката на специфична и минимална акциза за цигари.
Во првите две години стапка се зголеми за 0,15 денари за цигара. Од 1 јули 2016 година заклучно со 1 јули 2023 година стапката на специфичната и минималната акциза на цигарите ќе се зголемува за 0,20 денари за парче во секоја година.
Согласно календарот за зголемување на акцизата за цигари, цигарите ќе поскапат за три денари и во текот на следната година, а веќе од 2017 година во период од седум години поскапувањето на годишно ниво ќе изнесува четири денари за кутија.
Ваквиот тренд на покачување за осум години драстично ќе ги поскапи цигарите, со што така најскапата кутија цигари која сега чини 120 денари, за осум години ќе достигне цена од 154 денари.
OhridNews