Утре, 2-ри јули, ЈП Билјанини Извори започнува со примена на зонското паркирање.

Ќе се врши наплата на паркирањето од 7 и 30 до 03 часот секој ден од неделата.

Наплатата ќе се врши преку СМС систем и тоа преку следниот телефонски кориснички број 144 644.

  • Ги замолуваме сите наши корисници да го следат упатството поставено на инфо таблите на сите улици на кои ние вршиме наплата согласно СМС системот и строго да се придржуваат кон насоките за користење на паркинг местата, велат од јавното претпријатие.

Доколку имаат потреба од појаснување, корисниците на паркинг услугите може да се обратат кај контролорите или на следниот телефонски број 078 298 – 359.

OhridNews