Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини и речни долини со појава на слаба магла. Претежно ќе биде тивко, само на повисоките места и на планините ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната дневна температура во охридскиот регион ќе достигне до 19 степени Целзиусови, инфомрираат од УХМР Македонија.

Веќе од утре земјава повторно ќе се најде под влијание на нов влажен бран. Во вторник ќе се задржи претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, особено попладне и кон крајот на денот кога се очекува локално да се интензивираат. Врнежи се најавуваат и во среда кои на места ќе бидат интензивни, как и четврток кога пообилни врнежи се очекуваат во источните делови од земјата.

Утринската температура ќе се движи во интервал од 7 – 15, а дневната од 12 до 22 степени.

OhridNews