Од утре до 24 септември, 2021 година, во организација на НАТО Евроатлантскиот центар за координација на одговор при катастрофи (EADRCC) и Центарот за управување со Кризи (ЦУК), на повеќе локации во Охрид и Струга, ќе се одржи вежбата „Северна Македонија 2021“. Ова е прва цивилна НАТО вежба во земјава, којашто истовремено ќе се одвива и теренски и штабно.  Центарот за управување со кризи во својство на домаќин, е организатор на сите активности поврзани со вежбата, во координација со НАТО тимот.

Во тек се подготовките за Меѓународна вежба „СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 2021“ што официјално ќе почне утре, понеделник 20.09.2021, во касарната во Охрид, а ќе се одвива на територијата на двете општини Струга и Охрид, информираат од Центарот за управување со кризи.

Вклученоста во НАТО вежбата претставува одлична можност за поддршка на националните власти и градење на нашите капацитети преку подобрување на готовноста при природни катастрофи и катастрофи предизивикани од човчки фактор, подобрување на планирањето, превенцијата и одговорот при кризни ситуации, со што би се зајакнале националните капацитети за одговор при итни ситуации при катастофи. Во склоп на вежбата ќе бидат организиран научен ВИП симпозиум во траеење од два дена, каде ќе се одвива дискусија помеѓу високи претставници од НАТО, членките на НАТО, партнер државите, меѓународните организации и НВО, велат од Центарот за управување со кризи.

Претходно и од Дирекцијата за заштита и спасување беше објавено дека тие се подготвени и на терен.

За прв пат на НАТО вежба за цивилна заштита ќе се вклучи и Планинската спасителна служба од Охрид во два сегменти.

Станува збор за вежбовна активност од големи размери, настан кој инволвира околу 700 учесници од земјава и странство во којашто покрај Република Северна Македонија учествуваат 27 земји со околу 700 учесници и е прва НАТО вежба во Република Северна Македонија од ваков размер.

Поради одржување на  претстојната вежба целосно затворена за сообраќај ќе биде ул. „Кленоец“ во делот кој поминува низ Касарна и тоа во период од 17.09.2021 година до 24.09.2021 година информираа од општин Охрид и  апелираа до сите учесници во сообраќајот за одбегнување на овој дел од улицата со што би се избегнале застои во сообраќајот на околните улици.

OhridNews