Со две претстави посветени на најмладите од утре започнува богата програма во рамки на „Охридската новогодишна приказна“. Осумдневната програма организирана од страна на Општина Охрид опфаќа 20 забавни настани меѓу кои детски претстави, новогодишни базари, музички настани. Дел од настаните е предвидено да се одржуваат напладне, а дел во вечерните часови.

Утре со почеток во 12:30 часот на градски плоштад „Свети Климент Охридски“ ќе биде изведена детска театарска претстава „Добредојде Нова Годино“, додека во 18:00 часот театарска претстава за деца: „Ех да може и во зима сладолед да има“.

Програмата продолжува на 25 декември кога е предвидено да биде изведена детска новогодишна театарска претстава: „Пристигна Дедо Мраз“ со почеток во 12:30 часот на градски плоштад „Свети Климент Охридски“, а во 18:00 часот ќе се оджри Новогодишен базар и хепенинг од основите општински училишта.

На 26 декември во 12:30 часот ќе биде изведена детска театарска претстава: „Дедо Мраз е на пат“ на градски плоштад „Свети Климент Охридски“, во  18:00 часот концерт ќе одржи музичката група HUMAN- при Клуб на млади (ОО на Црвен Крст) на градски плоштад „Свети Климент Охридски“, во 19:00 часот е Новогодишниот концерт на учениците од ОМУ „Методи Патчев“- Вечер на Валцер и танго во хотел Инекс Олгица, додека во 20:00 часот ќе се одржи танцов фестивал „Охрид танцуваТ“ во НУЦК „Григор Прличев“ (голема сцена).

Детска Новогодишна претстава Каде е Дедо Мраз?! ќе биде изведена на 27 декември на градски плоштад „Свети Климент Охридски“, а од 18:00 часот и новогодишна претстава „Четирите принцези и Дедо Мраз“.

На 28 декември во 11:00 часот на Сараште ќе се одржи Новогодишен базар „Вино и Винил“ во организација на Културолошка иницијатива 5 до 12. Во  12:30 часот ќе биде изведена детска новогодишна престава „Добриот и лошиот Дедо Мраз“ на градски плоштад, „Свети Климент Охридски“, додека во 18:00 часот ќе се оджри Новогодишен концерт на детскиот музички фестивал „Распеано Рибарче“ со гости од детскиот фестивал „Радика“.

Програмата продолжува на 29 декември со детска новогодишна театарска претстава „Снежана и Дедо Мраз“ во 12:30 часот на градски плоштад „Свети Климент Охридски“, а во 18:00 часот ќе се одржи Новогодишен концерт на „Малите ѕвездички со К-2“.

Детска новогодишна претстава „Дедо Мраз, те сакам јас“ на градски плоштад „Свети Климент Охридски“ ќе биде изведена на 30 декември, а од 13:30 часот предвиден е Новогодишен концерт на ОМУ „Методи Патчев“.

Богатата програма се заокружува на 31 декември со Новогодишен концерт на хорот „ Ѓердан од бисери“ на градски плоштад „Свети Климент Охридски“ со почеток во 12:00 часот, концерт „Охрид знае љубов што е“ во 12:30 часот и Новогодишно шоу со Дј АЦЕ од 14:00 часот.

OhridNews