Според прогнозите, времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд особено претпладне. Во текот на денот врнежите ќе престанат, а повторно ќе се појават кон крајот на денот и во вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 8 до 15, а дневната од 11 до 17 степени.

Пообилни врнежи повторно ќе има во четврток кога на повеќе места се очекува да наврнат над 25 литри на метар квадратен. Температурата ќе опадне за 5 до 8 степени во однос на денешната.

OhridNews