Од среда, 1- ви јули, ќе почне примената на времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 01.09 на магистрален пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје, со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони. Во однос на ограничувањето од минатите години има измена во временските интервали, со цел овозможување на движење на тешките товарни возила во малку поширока временска рамка.
Наместо временските периоди за време на викендите и тоа петок од 15.00 до 24.00 часот, сабота од 07.00 до 24.00 часот и недела од 07.00 до 24.00 часот, забраната би се однесувала на период за време на викендите и тоа петок од 15.00 до 22.00 часот, сабота од 07.00 до 12.00 часот и од 18.00 до 24.00 и недела од 07.00 до 22.00 часот.
Оваа забрана се однесува за период од 01.07. до 01.09. секоја тековна година.
OhridNews