Првичната одлука за реформи во именување на домеините беше изгласана минатата есен, а конечната на вчерашниот состанок во Сингапур. Со неа им се овозможува на сопствениците на веб страни, пред се на големите компании да изберат додаток на својот домеин по сопствена желба.
Истиот ќе треба да го регистрираат најдоцна до 12-ти април 2012 година, за што треба да издвојат 185.000 долари. Право на промена на домеин имаат сите сопственици на веб страни.
Наместо вообичаените “.com”, “.org” или “.gov” домеинот може да завршува со брендовски суфикси како “.pepsi”, “.apple”, “.toyota”. Меѓу првите кои побарале промена на домеин е компанијата Canon, која го сака домеинот “.canon”, додека гредоначалникот на Лондон бил заинтересиран за “.London”.