Oд Украина досега вкупно се евакуирани 120 лица, од кои дел се украински државјани со нивни семејства, информираше министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешниот брифинг и посочи дека за еден час на граничниот премин Деве Баир ќе пристигнат група граѓани, меѓу кои и семејството со новороденчето.
Од нив, 20 го искористија нашиот апел да ја напуштат државата пред 24 февруари, пред започнување на конфликтот. Во активна евакуација се 43 наши граѓани, што значи дека ги напуштиле живеалиштата и се на пат да излезат од Украина, пред еден час седум граѓани ја напуштија државата, соопшти Османи.
Тој додаде дека има дел од наши граѓани кои ја напуштиle Украина, no заминале во Полска и решиле да останат таму, со намера во прва прилика да се вратат повторно во Украина. Има и граѓани кои во С Македoнија немаат ништо, освен македонско државјанство кои решиле да останат во Полска или соседните земји.
Минатата недела, МНР испрати дипломатска мисија во Украина со цел да ја олеснат евакуацијата на македонските граѓани. Околу 38 граѓани сè уште се во нивните живеалишта во Украина, од кои 11 во Киев, седум во Запорожје и 20 по другите градови, вели Османи.
Во однос на повторното заминување на македонскиот амбасадор Крум Ефремов во Украина, министерот истакна дека неколку дена пред евакуацијата амбасадата се наоѓала во скривница поради бомбардирањето, поради што морале да бидат извлечени од Киев на побезбедно место во Украина.
Османи појасни дека по нивната евакуација, повторно продолжил процесот на евакуација на македонските граѓани и оти сме една од ретките држави што повторно ја врати амбасадата во Украина, сè додека и последниот граѓанин не биде евакуиран од таму.
OhridNews