Здравствената криза дефинитивно го промени начинот на кој живееме, но не ги запре креативноста и традицијата, напротив. Познатиот бутик „Емили“ деновиве, во вонредни услови, реализираше фотосесија со новите модели на свечени фустани, костуми и венчаници, која е заштитен знак на еден од најпрепознатливите охридски брендови.

Ви ја доловуваме работната атмосфера од фотосесијата на Бутик „Емили“, што ја направи „Мега продукција“ од која наскоро ќе бидат објавени и официјални фотографии.

Од нормализацијата на состојбите зависат и нашите животни планови, оттаму и надежта дека тоа наскоро ќе се случи. До тогаш останува да размислуваме позитивно за убавата страна на животот.

Г.М.