Изминатиот викенд ЈП „Охридски Комуналец“ во координација со локалната самоуправа спроведе акција за чистење на просторот помеѓу кампот Љубаништа и реката Черава, кој изминативе два месеци беше злоупотребен од диви кампери.
Во акција изминатиот викенд на истата локација беа и членовите на еколошкото движење „Еко Фап“ и локални жители.
Од просторот кај дивата плажа Љубаништа и од река Черава до плажа Тасе, подигнати беа огромни количини најразличен отпад.
OhridNews