Во периодот од 20 до 24.07.2010 година во времето од 07,30 до 08,30 часот во с.Злести-Охрид, во црквата „Св.Ѓорѓија“, непознат сторител извршил тешка кражба, при што одзел икона од „Св.Ѓорѓија“ и 1.000,00 денари.

Тешката кражба сторителот ја извршил на тој начин што со подесен алат го скршил цилиндерот од бравата на влезната врата, влегол внатре од каде ги одзел горенаведените предмети, по што се оддалечил во непознат правец.

Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Охрид. СВР-Охрид превзема мерки за пронаоѓање на сторителот.

OhridNews