Најнови филмови на ново филмско платно- ќе се прикажуваат во Центарот за култура.
Љубителите на филмската уметност оваа есен ќе имаат можност да проследат најнови светски хитови. Директорката Драгана Боцеска најави богат репертоар со кој се надева дека ќе се привлече вниманието на поголем дел од публиката.
– Министерството за култура ни донира ново филмско платно па се надевам дека сега и уживањето на публиката ќе биде поголемо, вели Боцеска.
Во текот на месец септември во Центарот за култура ќе се прикажуваат познатите филмски хитови, меѓу кои Сексот и градот 2, Робин Худ и Принцот од Персија.
Ќе бидат прикажани и најнови филмски остварувања од руската и европската кинематографија.
Неделата на руски филмови ќе започне на 19-ти септември и влезот за овие проекции ќе биде бесплатен.