Се зголемува процентот на новозаразени од тестираните во земјава. Во последните 24 часа се направени 737 тестирања, а регистрирани се 247 нови случаи на Ковид 19, што е 33,5 отсто. Во Охрид се регистрирани нови 14 случаи, најмногу по Скопје 116 и Прилеп со 23 случаи, додека во соседна Струга се регистрирани 12 нови случаи.

Изминатото деноноќие починати се 15 лица, двајца пациенти од Скопје (73 и 78г), еден од Куманово (68г), тројца пациенти од Тетово (60, 70 и 77г), двајца од Струга (73 и 75г), еден од Велес (58г), еден од Охрид (69г), еден од Кавадарци (71г), еден од Гостивар (71г), еден пациент од Гевгелија (76г) и двајца пациенти од Кочани (49 и 68г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 321 оздравени пациенти, 7 од Охрид и 5 од Струга.

Досега во земјата се направени вкупно 235.775 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 27199, бројката на оздравени пациенти е 18948, на починати е 934, а бројот на активни случаи изнесува 7317.

OhridNews