По повод 11 Октомври, денот на востанието на македонскиот народ, од СВР Охрид упатуваат честитка до сите граѓани.

– Почитувајки ги слободарските традиции на македонскиот народ и оддавајќи почит на македонските поборници за слобода и мир, како демократска институција, доследно продолжуваме кон законско, етичкото и професионално решавање на  безбедносни  предизвици. Неуморно ја продолжуваме нашата мисија за заштитата и унапредување на човековите права и слободи, бескомпромисно се бориме со сите видови и форми на криминалитет. Применуваме современи стандарди за проактивен и транспарентен концепт за соработка со граѓаните и нивни вистински сервис. Посветено работиме на изградба на стабилен безбедносен систем  и зацврстување на нашите демократски и професионални капацитети со што ја јакнеме Република Македонија како модерна, безбедна и Европска  држава, се наведува во честитката од СВР Охрид.

OhridNews