Со петстотини гласа за и само педесетина против Европскиот парламент денеска ја усвои резолуцијата за укинување на визите за граѓаните на Македонија, Србија и Црна Гора.

На предлог на Словенија визната бариера ќе се укине порано од првично предложениот датум, 1-ви јануари 2010, односно доколку истата добие зелено светло и од Советот на министри за внатрешни работи на земјите од ЕУ, ќе стапи на сила од 19-ти декември 2009 година.

Претставници на Европскиот парламент не очекуваат компликации околу усвојување на одлуката за визната либерализација, со што граѓаните на Македонија ќе можат слободно да патуваат низ земјите од Шенген зоната. За тоа  е потребно да поседуваат биометриски пасоши, додека на граѓаните кои имаат стари пасоши за влез во земјите на ЕУ ќе им биде потребна виза.

Ohridnews