Гледајќи ја како цивка и трпи силни болки, сопствениците својата данска дога итно ја одвеле во ветеринарна болница во Портланд каде било востановено дека „изела нешто лошо“. Кучето било испратено на рендген кој покажал присуство на „страно тело“ во стомакот. После двочасовна операција, Др. Ешли Меги ја открила причината за болката, кучето проголтало ни помалку ни повеќе, туку 43 чорапи.

Претставничката на болницата изјавила дека ова најверојатни е најнеобичниот случај во истроијата на таа ветеринрна болница. Таа навела дека догата била вратена на сопствениците еден ден после операцијата и дека сеуште е жива и здрава. Меѓутоа, не е познато дали чорапите и понатаму и се омилен десерт.