Пензонираниот учител Фил Колинс си ја исполнил својата желба и набавил единствено возило, караван со камп приколка која ја направил од авион. Отсекогаш сакал да има Цитроен со шест тркала, но никако не можел да го набави. Затоа купил Цитроен караван од 1989 година и го преуредил. Потоа набавил лесен авион „Piper Commanche“ и го модифицирал во камп приколка за едно лице.


Целиот проект настанал затоа што сакал да направи нешто корисно од авионот кој повеќе не можел да се употребува. Од таблата со инструменти на авионот направил ормар за облека, а во кабината на авионот направил место за голем кревет, маса и столици. Има и мала кујна со плински шпорет и сите потребни садови.