Младинската екипа на Ракометниот клуб Охрид и женскиот ракометен клуб Лихнид во соработка со Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ и Општинскиот Црвен Крст, одиграа хуманитарни натпревари со екипата „Филип Вардар“ од Прилеп.
Собраните средства од ракометниот хепeнинг ќе бидат донирани на сметката од Трајан Целески-Тачо кој се опоравува од тешката операција во Италија.
Резултатите иако беа во втор план охридските екипи покажаа квалитет и наговестуваат светла иднина за ракометот во Охрид.
Сите охриѓани и жители на Македонија можат самостојно да донираат за Тачо на сметката: Trajan Celeski 210501663814471 NLB Banka и на броевите 143-486 (ВИП.ОНЕ), односно 143-155 (Т-мобиле).
Фотогалерија:
Порака од навивачката група „Рибари“ за нивниот другар Тачо.
Од срце за Тачо !
OhridNews