Како шtо се наведува во писмената изјава на гореспоменатите членови на СРД, програмските стандарди од Законот за радиодифузната дејност ги обврзуваат сите радиодифузери да придонесуваат за негување и развој на хуманите и морални вредности на човекот и заштита на приватноста и достоинството на личноста, да го поттикнуваат духот на толеранцијата, да поттикнуваат заемно почитување и разбирање, да покажуваат чувство за правичност и за одбрана на демократските слободи, да бидат отворени за различни политички мислења и гледишта како и објективно и непристрастно да ги прикажуваат настаните со еднаков третман на различните гледишта и мислења и да овозможат слободно оформување на мислењето на публиката за одделни настани и прашања.
Членовите на СРД, Радовановиќ, Груевски и Наумов ги повикуваат медиумите и новинарите да ги почитуваат програмските стандарди и да избегнуваат речник, што создава атмосфера на поделби и омраза за доброто на професијата и воопшто на демократијата. Истовремено, апелираат до медиумските професионалци и до нивните здруженија да ги зајакнат саморегулаторните механизми со цел унапредување на професионализмот во сферата на медиумите.
извор: „Макфакс“