На 76-тата седница, Владата ја усвои предлог – уредбата за методологијата за распределба на приходите од данокот на додадена вредност по општини за 2019-тата година. Според пресметката којашто ја подготви Министерството за финансии, средствата ќе се распределуваат по следниот модел: фиксен дел во износ од 3 милиони за сите општини и градот Скопје и променлив дел којшто ќе се распределува според математичка формула – во зависност од бројот на жителите во општината – 65%, во зависност од површината на општината – 27% и според бројот на населени места во општината – 8%.

Распределбата на дотации од ДДВ ќе се врши од Буџетот на Република Македонија, почнувајќи од први јануари 2019-та година.

OhridNews