Млад деликвент во Германија, кој бил фатен на дело за кражба, се обидел да се извлече така што на полицаецот му дал погрешна адреса. За жал, од сите можни адреси ја одбрал токму онаа на која живеел полицаецот.
Младиот крадец од севеногерманскиот град Ахим, кој брои 30.000 жители, го изневерила среќата кога полицаецот му ја покажал својата лична карта и му докажал дека лаже.
„Тоа беше огромна случајност“ – рекол полицаецот.
Крадецот не ја измислил адресата, туку се сетил на куќата во која живеел порано. Но, не знаел дека во неа после него се вселил полицаецот.