Капитенот  на ракометната репрезеднтаија Кирил Лазаров на ракометниот камп во Охрид, денеска на прес-конференци заедно со агенцијата КМГ Спорт, чиј дел е и тој, го обелоденија почетокот на работа на ракометни школи низ целата земја. До сега функционираат седум ракометни школи во Валандово, Струга, Охрид, Свети Николе, Скопје, Богданци и Стојаково, а понатаму ќе бидат отворени повеќе.

„Срамежливо почнавме и со ракометниот камп, но имавме јасна цел нашите деца правилно да се развиваат. Како поминуваше времето така ни доаѓаа идеите како на мене така и на моите соработници. Од таму верувам дека оваа идеја ќе се оствари, знам дека нема да биде лесно, одговорноста е преголема, како за кампот така и за овој нов проект кој планираме да го направиме. Ќе пробаме ќе бидеме трпеливи, нема да ветуваме многу. Ќе работиме за доброто на македонскиот спорт и ракомет, ќе направиме добар стручен кадар, тоа е најпотребно за овие деца.“-рече Лазаров.

На денешната прес-конференција која се одржа на последниот ден од кампот во Охрид во хотелот Аквалина, беа ребрендирани досегашните седум ракометни школи. Истите ќе го носат брендот „Кирил Лазаров 7“.

„Да им овозможиме на овие деца не само седум дена туку да работат низ текот на целата година. За сега се отворени седум школи низ државата, ќе се обидеме да се организирарме добро и што е најбитно да бидеме препознатливи во нашата работа. За сега ќе започнеме со запишување на дечињата а подоцна и со нивна селекција, да имаме пионерски, кадетски и младински селекции. Не сакаме да се споредуваме со никого, отворени сме за соработка со сите ракометни школи во Македонија, нашата цел е да произведеме врвни ракометари, идни репрезентативци “ изјави капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров
Тој го изрази своето задоволство за успешното реализирање на третиот ракометен камп, потенцирајќи дека сериозноста и професионалста на овој проект ќе се преслика во ракометните школи. 

OhridNews