На денешната 80-та седница, Владата на предлог на Комисијата за заразни болести, ги прифати измените во протоколите за вршење меѓуградски и меѓународен превоз на патници, со што наместо исполнетост до 50%, отсега во меѓуградскиот и меѓународниот патнички превоз е дозволено исполнетост најмногу до 75% од вкупниот капацитет на возилата.
По случајот, пак, со 24-та позитивни патници во авионот на лет од Скопје до Турку, Финска,министерот за здравство Венко Филипче најави дека Комисијата за заразни болести ќе ја разгледа можноста за евентуално воведувње на задолжителни ПЦР тестови и за странски државјани кои транзитираат низ земјата.
Овој случај е еден мотив повеќе на утрешниот состанок на Комисијата за заразни болести да дискутираме дали евентуално и за граѓаните од соседните земји кои транзитираат треба да бараме ПЦР тестови, но сепак би ја почекале дефинитивната листа на 24 имиња, заради тоа што е суштински различно дали станува збор за наши државјани или државјани на Косово. – напиша на социјалните мрежи министерот Филипче.
OhridNews