Почниувајќи од 15.03.2025 год. (сабота), а потоа секоја наредна сабота во месецот, Ј.П.„Охридски Комуналец” ќе врши подигнување на селектиран отпад (хартија и картон, пластика) од улиците: „Будва”, „Винковачка”, „Прилепска”, „Железничка”, „Крали Марко” и „8-ми Март”, улици на кои, претходно на граѓаните им беа доделени жолти садови за селектирање пластика и сини садови за селектирање хартија и пластика, информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.
Се молат граѓаните од наведените улици да ја почитуваат динамиката за подигнување на селектиран отпад, така ќе придонесат во зачувување на животната средина, посочуваат од претпријатието.
OhridNews