Ракометниот клуб Охрид од првата рунда и сместен во вториот барабан ќе стартува во квалифицикациите за пласман во групната фаза во Купот на ЕХФ.

„Гладијаторите“ ќе дебитираат на европската сцена, откако ланската сезона во Супер лигата ја завршија на третата позиција, веднаш зад Вардар и Металург.

Патот од групната фаза е трнлив, бидејќи се играат три квалификациски рунди, а квалитетот на противниците е се поголем во второто и третото коло.

Ждрепката за двојките во првата рунда е закажана на 18 јули во Виена, а квалификаците се очекува да започнат на 1 или 2 септември.

За што подобро преставување во Европа охридскиот клуб се засили со двајца ракометари од странство Милан Клаиќ и Дервиш Бирдахиќ. Хрватото Клаиќ игра на пикерската позиција, додека Босанецот Бирдахиќ дејствува на бековската позиција.

Потенцијални противници на Охрид:

Дубрава (Хрватска)

Бенфика (Португалија)

Хендбол Елит (Норвешка)

ЗТР Запорожје (Украина)

Дукла Прага (Чешка)

Валур (Исланд)

Макаби Ришон (Израел)

Вест Виен (Австрија)

Бошолт (Белгија)

Војводина (Србија)

Дикеас (Грција)

Беса Фамилија (Косово)

Крас (Холандија)

Еш (Луксембург) 

Полва Сервити (Естонија)

OhridNews