Во периодот од декември минатата година кога беше промовирана поштенската марка заклучно со месец август 2008 година вкупно се продадени околу 750.000 поштенски марки. Исто така, во овој период се продадени близу 25.000 разгледници и 67.000 коверти со ликот на Тоше.
Издавањето на овој филателистички материјал кој го носи ликот на Тоше Проески, претставува дел од активностите насочени кон зачувување на ликот и делото на прерано починатиот македонски музичар. Вкупниот тираж на поштенските марки изнесува 1.000.000 примероци, а беа отпечатени и околу 47.000 разгледници и приближно 100.000 коверти.
Се очекува преостанатиот филателистички материјал од оваа серија да биде продаден во последниот квартал од оваа година, заклучно со новогодишните празници, по што и собраните средства од продажбата исто така ќе бидат донирани на меѓународната фондација „Тоше Проески“, информираше Министерството за транспорт и врски.