Од познатата фонтана Манекен Пис, која се наоѓа во Брисел, наместо вода, на први јуни ќе тече млеко, кога се обележува светскиот ден на млекото. Тој ден скулптурата на момчето кое уринира ќе биде симболично облечена во африкански сточар, а водата ќе биде заменета со млеко.
Иницијативата била покрената од здружението „Ветеринари без граници“, кои сакаат да го свртат вниманието кон недостатокот на млеко во Африка. Тие потсетиле дека една крава во Белгија просечно на ден произведува 30 литри млеко, а во Африка само 2,5 литри од течноста.