Ракометарите на Тинекс Пролет во шестата рунда од Супер лигата му го нанесоа вториот пораз на Охрид, прв во „Билјанини Извори“ сезонава.


Никој друг освен охридските ракометари не се виновни за поразот, но од друга страна од поразите секогаш се извлекуваат најдобрите поуки.

Во досегашните натпревари од елитата, нападот функционираше многу подобро од одбраната и тој носеше резултати.

На мечот со „пролетерите“ нападот потфрли кога најмногу требаше, а одбраната неможеше ништо да стори по толку почетнички грешки.

Исто така можеби клучна поука од првиот пораз пред своите гледачи ракометарите ќе извлечат дека мечот се игра до последната секунда, а не до 40-та, 50-та или 58-та минута.

Веќе в сабота против Пелистер во Битола охридските ракометари можат да потврдат дека мечот со Тинекс Пролет бил само лош ден и да ја вратат насмевката на „сината“ армија навивачи.

Михаил Постоловски