Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека денес, попладне, во вечерните и ноќните часови на повеќе места во земјава ќе има нестабилно време проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Максималната температура во Охрид ќе биде до 27 степени.

Утре, не очекува претежно облачно и значително посвежо време со засилен, повремено и силен северен ветер. Ќе има и врнежи од дожд, особено претпладне. Максималната температура во Охрид ќе биде 19 степени.

Во петок и за време на викендот се очекува стабилизирање на временските услови. Ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се искачи до 27-от степен целзиусов.

OhridNews